Доктор Жан Митрев објасни како се справуваат со корона вирусот и како во неговата клиника успеваат да избегнат да ги стават пациентите на респиратор:
-Благодарение на нашата долгорочна работа со тешко инфективни пациенти и пациенти во сепса, ние го модифициравме и применивме истиот пристап и кај овие пациенти.
Сите примени пациенти беа со изразена ковид инфекција. Нивните симптоми беа повеќе дневни, воглавно лекувани во домашни услови и во болнички услови.
Нашиот концепт на лекување, е веднаш пристапуваме кон следење на инфективните параметри кои ги селектиравме како важни во периодот на прогностичкиот исход на пациентите.
Кога тие ќе дојдат кај нас на база на овие параметри, кои ги следиме за секој пациент во лабораториски услови го одредуваме лафаматорниот индекс на пациентот. Ако тој расте и се влошува функцијата на плуќата знаеме дека исходот оди кон лошо, веднаш пациентите ги вклучуваме на екстракопорална филтрација со прочистување на крвта во траење од 24 часа. Или некои пациенти кои доаѓаат во многу тешка состојба, тогаш тоа прочистување на крвта трае и подолго.
Досега со овој начин на лекување третиравме 25 пациенти.Кај најголем дел од овие пациенти кои беа со индикација за да се стават на респираторна терапија да се интубираат успеавме да го избегнеме тој третман.
На тој начин избегнавме пациентите да ги поставиме на респиратори, вели за начинот на лекување на пациентите со корона доктор Жан Митрев.
Изјава на доктор Жан Митрев за начинот на лекување на тешко болните пациенти од инфекција од Ковид во нашата клиника.
Posted by ZAN MITREV on Wednesday, July 8, 2020