Воената ветеранка Есперанза Фуерзина (36) од Конектикат стана жената со „најмногу тетоважи на телото“ и своето име го запиша во Гинисовата книга на рекорди.
Тетоважите покриваат 99,98 отсто од нејзиното тело, а таа истакнува дека „сè уште не е готова“.
Првата тетоважа ја направила на 21 година – на грбот, а со текот на времето го украсувала телото со други цртежи и модификации.
Таа е покриена со мастило од глава до пети, вклучувајќи ги очните капаци, очните јаболчници, непцата и јазикот, пишува Дејли мејл.
Кога станува збор за модификациите на телото, таа има исечен јазик, пирсови на брадавиците и усните, а извадила делови од ушите за да го „заврши“ својот уникатен изглед.
Додека некои луѓе чуваат спомени во фото албуми или дневници, Есперанца користи тетоважи.
„Водев номадски живот, немав многу простор во мојот воен ранец. Можам да ги понесам овие цртежи со мене“, објаснила таа.
Тетоважите ја потсетуваат на она низ што поминала и, како што вели, ѝ помагаат да еволуира духовно и физички.
Есперанца признава дека ги привлекува погледите на луѓето и наидува на негативни коментари, но истакнува дека суровоста и предрасудите „одат на нивна душа“.
Таа верува во себе и во добрината.
„Бев прогласена за жена со најмногу тетоважи и модификации на телото, што е малку лудо. Благодарна сум и возбудена за иднината. И, се разбира, сè уште не сум готова“, рече таа.