На состанокот во Самарканд, Узбекистан, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе му предложи на рускиот колега Владимир Путин да оствари средба со украинскиот лидер Владимир Зеленски.
„Најважната тема на средбата меѓу Ердоган и Путин ќе биде ситуацијата во Украина. Ердоган ќе му ја пренесе пораката на својот руски колега дека Турција ќе продолжи да ги вложува сите напори за да се стави крај на војната и да се постигне одржлив прекин на огнот преку иницијативи за посредување. Претседателот Ердоган ќе ја истакне и важноста на дипломатските решенија“, пишува турскиот „Хуриет“.
Една од главните точки на агендата на претстојната средба на лидерите на Турција и Руската Федерација ќе биде функционирањето на коридорот преку кој се извезува жито од пристаништата на Црното Море.