Енрике Иглесијас и една од најубавите тенисерки на сите времиња, Ана Курникова, се заедно повеќе од две децении и многумина ги сметаат за најхармоничен пар на светската сцена.
Сепак, бракот не го спречил Енрике и понатаму да ги бакнува своите обожавателки на настапите.
Пејачот сега се осврнал на својата страсна динамика со фановите и открил што мисли Ана за неговите бакнежи на сцената.
На прашањето на водителот дали Ана некогаш била љубоморна, Иглесијас одлучно рекол дека тоа никогаш не се случило.
„Не, не, не… воопшто не е љубоморна. Тоа го правам постојано, сакам да се бакнувам и да ги прегрнувам моите обожаватели. Сакам да се зближувам. Да не беа тие, немаше да бидам каде што сум сега“, изјавил Енрике.
„Ана ќе присуствува на некои од моите настапи и често ми вели дека добива погледи од некои од девојките и жените кои како да сакаат да ја прашаат: ‘Дали си ти океј со тоа?’. ‘Да, тотално сум океј. Тој е на сцена’“.
Иглесијас и Курникова се познати по тоа што се многу приватни во врска со својот однос, избегнувајќи да разговараат за тоа во медиумите.
Тие се запознале на снимањето на неговиот спот за песната „Escape“ и оттогаш се неразделни. Парот има три деца, Луси, Николас и Мери.