Емилија Џорџ, поранешна ВИП стјуардеса, ја шокирала јавноста со признанието што доживеала и видела во авионите од прва класа. Таа била присутна во многу бизарни ситуации, кои не можете ни да ги замислите.
Имено, поканите за интимна вечера, несоодветното допирање, неочекуваните посети во хотелот, но и многу други незамисливи работи можат да бидат составен дел од работата на стјуардесите на ВИП летовите.
– Од вечера од милион долари до салата од 700 долари. Парите не се проблем кога можеш да си дозволиш приватен авион. Видов теретани во авион, диско соби со стриптиз барови и златен престол – опишала Емилија.
Во текот на нејзината кариера богатите и славните ја прашувале речиси невозможни работи. Еден од таквите, на пример, било ангажирањето на дувачки оркестар составен од 200 членови како знак на добредојде на клиентот.
Но, нивната фантазија немала крај. Па платила сметка за такси од 660 долари за да го земе кавијарот. Имало и принудно слетување на сред пат за да можат патниците да јадат во „Мекдоналдс“.
– Имаше и сосема луди барања, како онаа да им послужам лосос на кој цел живот му е свирена класична музика – рекла таа.
Се случувале и запросувања. Еден сопственик на приватен авион побарал неговиот екипаж да носи „откачени“ униформи, а секој што ќе се спротивставел ќе бил отпуштен.
Од друга страна, светлата страна на оваа работа, како што истакнува Емилија, е бакшишот од 4.000 долари, подароци кои вклучуваат скапи Rolex часовници, чанти „Hermes“ и ВИП билети за различни настани.
Кога престојувале во град, сместувањето би се обезбедувало во најлуксузните хотели, а јаделе во најелитните ресторани. Често се случувало да добие возач и личен асистент. Исто така, таа имала и буџет за униформи.
Со сопствениците на авионите патувале и животни како соколи, лавчиња и мајмуни, па таа морала да биде подготвена за неочекувани гости. А квалификациите што треба да ги имате за оваа работа се многу трпение, дискреција, како најважна ставка, но и брзо мислење.