Во неговите мемоари „Јас“ Елтон Џон напиша дека Мајкл Џексон бил „сериозно ментално болен и дека не поднесувал друштво на возрасни“.
“Мајкл го познавам од неговите 13-14 години. Беше најслаткото дете кое можете да го замислите. Но, со тек на годините почна да се одвојува од светот, како што правеше и Елвис Присли. Тој беше навистина ментално болен и беше една од оние личности во чие друштво никогаш не ви е пријатно. Само Господ знае што се случувало во таа негова глава, само Господ знае со какви лекови беше полно неговото тело,“ – напиша Елтон Џон.
Во книгата британскиот пејач опишува еден случај кога го повикал Мајкл на забава. Во еден момент Мајкл исчезнал, па го нашле како си игра со синот на слугинката од Елтон.
„Не знам од која причина, но Мајкл не можеше да го поднесе друштвото на возрасните“ – пишува тој.
Инаку, Мајкл Џексон почина во 2009 година.
Сподели