Македонската поп-пејачка Елена Ристеска му изрази поддршка на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. По објавата на сопругата на Миле, Сања, во коментар на Фејсбук, Ристеска вели дека досега нема сретнато човек како што е поранешниот министер.
“Што и да кажам нема да е посилно од ова што ти го напиша. Само ќе кажам како ваша Сум пријателка со години, а ова е и ставот на моето семејство, дека се што е напишано е ВИСТИНА! Сум била сведок сум била на многу добрини на Миле, особено кон луѓе кои не ги познава. Јас таков човек досега не сум сретнала. Сочувствуваме со вас Сања. Затоа што не само Миле, туку и ти си златна душа. Политика ни јас не сакам, да можам да сум глѕва и цлепа за политика би била најспеќна. Но, за жал гледам и слушам и се чудам што се случува. Гушни ги дечињата од мене, стиснете заби, ќе заврши сето ова и ќе бидете повторно среќно семејство“, напиша Ристеска.