Елена Ристеска се потсети на својот престој во Америка. Пејачката на својот Инстаграм профил постави фотографија од Холивуд. Таа од својата хотелска соба имаше одличено поглед кон најфилмскиот град во светот.
– Некој патувања доаѓаат неочекувано, иако си го очекувал цел живот – напиша Елена под фотографијата.
Инаку, последниве денови Елена Ристеска од бринета стана русокоса, во дуетската песна со нејзината колешка од Србија, Данијела Кариќ. Елена и Данијела имаат исти коси во спотот за песната „Срца се погреше“ кој се промовираше за регионалниот музички пазар.