Атрактивната Кора Шумахер, поранешна сопруга на Ф1 возачот Ралф Шумахер, се приклучи на платформата за возрасни, каде што споделува (поточно: продава) интимна содржина.
Во 2015 година, по разводот со братот на седумкратниот шампион во Ф1, германската актерка и ТВ водителка ја изненади јавноста позирајќи за магазинот „Плејбој“, а сега, осум години подоцна, најде нов начин да заработи.
Германските медиуми јавуваат дека првиот ден, откако јавноста дознала за нејзиниот профил, 46 годишната Кора заработила 10.000 евра.
“Го сакам моето тело и зошто да не го покажам на другите? Имам 46 години и сè уште ми е удобно во сопствената кожа. Зошто да не споделам топлес фотографија или две со јавноста?” истакнала Кора.
Инаку, германската актерка беше во брак со Ралф Шумахер од 2001 до 2015 година, а поранешната двојка го има 21-годишниот син Дејвид. И покрај разделбата, Кора и Ралф имаат многу блиски односи. На крајот на краиштата, таа го остави неговото презиме по разводот.