Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски по пауза од една година, откако ја водеше Македонија на Еуро, си најде нов ангажман и во иднина ќе ја тренира хрватска Горица.
„Игор Ангеловски е нов тренер на ХНК Горица. Македонскиот стратег потпиша договор со нашиот клуб до летото 2024 година“, стои во соопштението на хрватскиот клуб.
Ангеловски вели дека е среќен поради новиот ангажман.
„Морам да му се заблагодарам на претседателот на одлуката јас да ја превземам Горица. Многу брзо се договоривме и среќен сум поради доаѓањето. Ја следам хрватската лига уште откако бев селектор на Македонија бидејќи многу наши играчи играат во ова првенство. Среќен сум што тоа од година во година станува се подобро, а тоа е голема мотивација и за тренерите“, вели Ангеловски.
По шест одиграни кола, Горица се наоѓа на претпоследното место на табелата во хрватската лига со освоени пет бода.