Пенелопе Круз (48) е една од ретките актерки кои не се согласила на естетски операции, а нејзината витка фигура на тело со години не ја менува. Специфично се храни и има единствена рутина – вежбање.
Нејзиниот пристап до исхрана е едноставен – фокусиран е на храна од која таа се чувствува добро. Тоа не значи дека одредени намирници ги смета за лоши, туку за помалку здрави.
Медитеранската исхрана која Пенелопе ја практикува се основа на многу немасни протеини, цели житарици, свеж зеленчук и овошје и јаткасти плодови. Кога може таа во своите рецепти користи и многу свежо авокадо.
План на исхрана на Пенелопе Круз
Кога не е дома Пенелопе бира појадок со јајца и прилог од сланина. Кога е дома и има малку повеќе време, таа си подготвува посвеж и пошарен појадок.
Понекогаш јаде англиски мафини без глутен со авокадо и поширани јајца или пак јаде порција грчки јогурт со сезонско овошје и малку мед.
За ручек актерката често јаде риба со сезонски зеленчук, а доколку е во движење со себе носи хумус и стапчиња од зеленчук. За вечера, медитеранската исхрана ѝ дозволува да јаде сè што е свежо.
Таа е од Шпанија и сака во својата храна да вклучи и шпански јадења, а тоа често значи дека рибата и парчето црвено месо го јаде со ориз или грашок.
Повремено таа пие и вино во текот на вечерата, а сè кај неа се сведува на умереност. Опцијата на Пенелопе за вечера е осмислена за таа да се чувствува добро.
Често во текот на денот посегнува по јаткасти плодови, како бадеми или кикиритки, а желбата за слатко задоволство ја заменува со свежо овошје.
Актерката избегнува глутен, а исто така не пие ниту многу алкохол. Наместо да поминува часови во теретана, Пенелопе практикува јога.