Изабел Гулар важи за жена со најсовршено тело на светот, а еве во што е тајната на нејзиниот добар изглед.
Изабел е бразилска манекенка за која велат дека има најсовршено тело на светот. Убавата Изабел празниците ги поминува со својот вереник Кевин Трап, голманот на германската репрезентација, а парот одлучил да ужива на плажите на Сент Бартс.
Секако, не успеале да се скријат од будното око на папарацо фотографите, а телото на Изабел повторно било во прв план. Таа има 38 години, но секојдневно вежба и ригорозно внимава на исхраната, поради што нејзиното тело изгледа како извајано, па дури и без грам фотошоп и на јако сонце, нејзината фигура едноставно е совршена.
Тајната на нејзиниот изглед се напорните вежби и строго контролираната исхрана. Како и секоја манекенка така и таа е запознаена со сите правила на здравата исхрана.
Како вежба?
Изабел напорно тренира и тоа секој ден. Од спортови се занимава со пилатес, трчање, кикбокс и тренира со тегови.
„Јас тренирам како да сум професионалец во тој спорт. Доколку имате фокус, мотивација и посветеност, можете да стигнете до својата цел“, изјавила таа во една прилика.
Како се храни?
Изабел вели дека ужива во готвење и дeка се труди себеси да си подготвува здрави оброци секој ден. Секојпат кога е дома таа практикува да јаде готвена и здрава храна. Утрото го започнува со овошје, зеленчук и протеини. Не јаде леб и брашно, а пристапот кон храната е едноставен.
„Се трудам намирниците кои ги внесувам во телото да бидат протеини, јаглехидрати и зеленчук, значи чисти намирници без премногу термичка обработка и додатоци. Кога јадам во ресторан се трудам тоа да бид здрава храна“.