Лекарите препорачуваат да се следат епидемиолошки мерки дури и кога сте биле ревакцинирани.
Според светските епидемиолози и вирусолози, заштитата од вирусот корона и стекнување на имунитет може да се очекува само по одреден временски период, најрано седум дена по приемот на втората доза на вакцината.
Имено, според резултатите од клиничките испитувања, може да се очекува заштита по одредено време од приемот на втората доза на вакцина. Како што е наведено, иако одредена заштита се јавува по приемот на првата доза, целосната вакцинација, поточно ревакцинацијата е важна за интензитетот и времетраењето на имунитетот. Се препорачува да се чуваате и почитувате епидемиолошките мерки и по ревакцинација и да се проверуваат антителата и развојот на имунитетот 14 дена по ревакцинацијата.
Можете да проверите дали сте развиле имунитет по вакцинирањето со одредување на IgG антитела со серолошки тестови, но на тој начин не можете да проверите дали е создаден имунитет на Т-клетки во вашето тело.
Можно е пациентите кои примаат имуносупресивна терапија и пациентите со болести на имунолошкиот систем да не развиваат доволен имунолошки одговор. Затоа, примањето лекови кои ја потиснуваат функцијата на имунолошкиот систем е контраиндицирано најмалку еден месец пред и по вакцинирањето, поради ризик од намалување на имунитетот.
Во овој момент, времетраењето на имунитетот по вакцинирањето е сè уште непознато, исто како што не е познато колку долго трае имунитетот по прележана инфекција предизвикана од вирусот корона.
Поради сите овие непознаници најдобро е да се чувате – да носите маска, држите растојание и што почесто со сапун да ги миете рацете, особено кога се враќате дома.