Внуката на премиерот Зоран Заев, 19-годишната Ева Заева докажа дека е храбра девојка. Таа на својот Инстаграм профил постави фотографии како скока со падобран и доби низа позитивни коментари.
Ева која веќе се остварува во улогата на моден дизајнер, не го крие својот приватен живот. Таа веќе подолго време е во врска со Душко Чифлиганец, син на познатиот биснизмен Ванчо Чифлиганец. Тие објавуваат многу заеднички фотки од убави моменти на социјалните мрежи.
Инаку, во едно интервју, на прашањето за својот чичко, премиерот Зоран Заев, внуката имаше само пофални зборови за него:
– Сосема е нормално, сите што имаат чичковци да си ги сакаат и да мислат се најдобро за нив, но верувајте ми, јас го имам најдобриот чичко на светот. Тој ми е и чичко, и пријател и другар… Жал ми е за оние кои не успеале да го запознаат, за да го откријат неговиот вистински лик. Тие што добро го познаваат, знаат кој е и каков е Зоран Заев.