Стјуарт Камп, најплатениот музички менаџер во Англија, брутално ја навреди внуката на британската кралица Елизабета, 30-годишната принцеза Евгенија, ќерка на принцот Ендру, обвинет за педофилија, нарекувајќи ја „е*ана идиотка“ за опасниот инцидент што го предизвика и што можеше да заврши фатално за познатиот пејач Ед Ширан, пишува „The Mirror“.
Имено, во замокот Виндзор се одржала забава во 2016 година, на која меѓу гостите беа и Ед и пејачот Џејмс Блант. Во еден момент, пијаната Евгенија на шега сакаше со меч да го назначи Џејмс во витез, но тоа го стори толку несмасно што го пресече образот на Ед. Беше чиста среќа, тврди менаџерот на Ед, дека таа не го пресекла посериозно или му го повреди окото.
-Не лажам, тоа се случи само затоа што некој е е*ана идиотка, кој смета дека е во ред да го извади мечот од ѕидот додека е во таква состојба. Со тоа, вие само повикувате на неволја – додаде тој.
Инаку, принцезата во моментов е бремена и на почетокот на следната година, таа и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк го очекуваат доаѓањето на нивното прво дете.