Д-р Никола Пановски во гостувањето на 24 Анализа на ТВ 24 истакна дека понудената вакцина Синовак за Македонија треба да стигне за 15 дена и се бара кој ќе го потегне тој храбар потег да ја донесе.
– Јас имам нееофицијално податок, тоа не е од кинеската влада, туку од фирма дека понудила на министерството за здравство за Синовак, вакцина да ја донесат за 15 дена. Меѓутоа цените се многу интересни. Ако сакате да купите во декември треба да платите повеќе. Мене ме чуди зошто не се разговара за цените. Има две работи, една е мутираните соеви, да ги претркаме бидејќи сигурно дека штитат делумно, ќе дадат полесна клиничка слика и втората е економската логика. Но многу е важно да ја добиете порано. Многу е добро кога би имало некој кој ризикува и има храбар потег да овие што ги спомнав и ги купи и ги имаме за 15 дена,- вели Пановски и додава:
-Цените се интересни. Ако сакате да купите во декември, треба да платите повеќе.Можеби е добро кој ризикува да ги купи овие вакцини, но ова е неофицијално, а вакцината чини 43.4 долари, две дози се 90 долари, Синофарм е преку 100 долари две дози, Фајзер е 40 долари, Спутник е 20 долари, Модерна е 66 долари, АстраЗенека е 8 долари, значи сите по две дози и Џонсон и Џонсон е 10 долари и се дава само една доза, – вели Пановски и додаде дека веднаш би се вакцинирал со првата вакцина која би дошла кај нас.