Микробиологот Никола Пановски на Фејсбук пишува дека природниот имунитет стекнат со прележување на Ковид-19 е посилен од вештачкиот, па бара да им се дадат шест месеци на прележаните за да се вакцинираат.
“За да нема недоразбирање:
1.Вакцините против ковид спасуваат животи.
2. Треба да се почитуваат и да се даваат на лица на кои им се потребни.
3. Лично сум од групата на вакцинирани во март, не сум прележал ковид, но жестоко се борам за правата на пеележаните.
4. На прележаните од ковид треба да им се даде рок од најмалку 6 месеци за да се вакцинираат.
5. Во меѓувреме треба да се вакцинираат оние кои немаат заштита, па и оние со трета доза кои се вакцинирани во фебруари и март, меѓу кои се и здравствените работници.
6. Дека природниот имунитет е посилен од вештачкиот го гледаме секојдневно, ние во лаборатории, матичните лекари, инфектолозите итн, а секој ден гледаме дека по 3, а особено по 6 месеци дури и вакцинираните со вакцини како Фајзер, ја губат заштитата.
7. Се уште не е направена штетата, дајте им на прележаните рок од барем 6 месеци да се вакцинираат.
8. До кога ќе молчите колеги, 45 дена мерка нема никаде во светот, не е точно дека е препорака од СЗО, тие само велат дека месец дена минимум треба да помине.
Во прилог е еден труд кој кажува дека прележаните 13 пати поретко се инфицираат од комплетно вакцинираните со две дози Фајзер.“ напиша д-р Пановски