Владата на почетокот од неделава усвои нови мерки со кои на неимунизираните, односно на оние кои немаат сертификат за примена барем една доза, од 16-ти август нема да им се дозволи влегување во ниту еден објект каде има повеќе од 30 лица.
-Мерките на власта се нелогични и задоцнети. Како некој дарувал плазма со антитела, ама не смее да влезе во кафуле, вели во интервју за тв 24 професорот Никола Пановски.
Порачува дека одговорноста за состојбата со болеста е кај оние кои дозволија прослави на затворено и отворени граници е огромна.