Нашето население поради топлото време и поради тоа што ни се случи со вториот, а посебно со третиот бран на корона вирусот, а да ја вклучиме тука и вакцинацијата, на некој начин има имунитет на досегашните соеви. Ние не знаеме дали имаме и колку имаме имунитет против индискиот сој. Да се надеваме дека имаме, меѓутоа мора да се соочиме со ризикот и да се подготвиме, изјави микробиологот проф. д-р Никола Пановски во Дневникот на ТВ Сител.
За Бугарија не сакам ни да зборувам, но реципроцитет барем кон Бугарија можеме да имаме. Откако „ни ги дадоа“ тие 5.000 вакцини кои сѐ уште не се стигнати, ние се тестираме за да влеземе во Бугарија, а тие иако имаат 10 пати повеќе заболени по број на жители, можат да влегуваат во Македонија. Има ли логика во здравствените мерки? – праша д-р Пановски.