Д-р Никола Пановски, во изјава за „Фокус“, вели дека информацијата дека ЛДП планира да ги предложи докторите Никола Пановски и Драган Данаиловски за членови на Комисијата за заразни болести ја чул од медиумите, а партиите не предлагаат членови во Комисијата.
– Тоа го чув од медиумите. Партиите официјално не предлагаат, ниту владата, тоа е комисија на министерот за здравство, вели д-р Пановски.
На прашањето дали би прифатил да биде дел до Комисијата за заразни болести, тој вело дека можеби, „но под мои услови, кои не верувам дека ќе бидат прифатени. Прв услов, укинување на сертификатите.“