Српскиот виролог Миланко Шеклер во гостување во емисијата „Белградска хроника“ на РТС го сподели апелот на лекарите за запирање на епидемијата на ковид-19 што повторно зема замав.
– Во контакт сум со голем број на лекари, со професори. Стравично е. Ако не пукне здравствениот систем, ќе пукнат здравстгвените работници, вели Шеклер.
– Кога ќе дигнам телефон кај лекар и го прашам „како си“, тој ми одговора „еве плачам и бришам пораки од пациенти кои починаа“, нагласи Шеклер.
– Тие се кај нас неколку недели, ние се приврзуваме со нив и разменуваме пораки кога не сум во смена и потоа слушам дека починал. И така секои десет дена. И плачам, бидејќи ова повеќе не може да се издржи. Јас не сум навикнат да губам пациенти во ваков број, вели Шеклер.
Некои од лекарите со кои разговарал не сакаат ништо, вели Шеклер, освен да заврши ова лудило.
– Не ни требаат пари, не ни треба зголемување на плати, може и да не нè платат. Се тоа не мора да ни се даде, да ја надокнадиме економската штета, но да се затвори се и да прекине овој циркус, бидејќи не може да се издржи, порача спрскиот виролог.