Докторот Злате Мехмедовиќ кој е директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје за време на своето дежурство за Велигденските празници упати порака до граѓаните.
-Дежурствата за празници беа нешто вообичаено, со тек на време навикнуваш на тоа дека некој празник нема да си дома со најблиските, ретко носевме маски, уште поретко ракавици, визири никогаш, белиот мантил беше сосема доволен. Денес живееме поинакви денови, никој од нас не очекуваше дека ова искушение ќе ни ги промени животите. Но нашиот народ знае, секое зло за добро е! Се додека е иста молитвата и благодарноста, Божјата благодат ќе не посетува и ќе ги озари нашите души. Затоа имајте мир во душата, љубов во срцето, верба во Бога, радувајте се, простувајте и почитувајте. Христос Воскресе🙏🏻 Нека е за многу години!, напиша д-р.Мехмедовиќ.