Вчера министерот за здравство Венко Филипче рече дека 40 отсто од заболените дале епидемиолошки податок дека биле на некоја забава.
Објавените фотографии го испровоцираа и доктор Ненад Лазаров кој за време на целата пандемија несебично излегува во пресрет на своите пациенти и никогаш не ги одбил ковид болните за прегледи.
„Сите што лудувате викендов по кафани, концерти и фестивали, од сега ви кажувам дека немам намера да дозволам да ме вознемирувате на полноќ кога ќе почнат глупостите со температури, главоболки и т.н. После вие паничете, ја немам намера, ве пратам шо праите и не ми се верува“, напиша д-р Лазаров на Фејсбук.