Проф.др. Вело Марковски во разговор за Локално вели дека не треба ни трета ни четврта вакцина ако првите две не даваат заштита од омикрон.
-Не, чудна е лицитација со број на примени вакцини, најава дека ќе треба трета, четврта…Производителот препорача две дози, и после тоа мора да има заштита од инфекција, а не полесна форма. Ако една вакцина не дала антитела, или тие антитела не штитат тогаш таа вакцина не е добра. Добра вакцина е таа што ќе има над 70-90% сероконверзија (човек што немал антитела по вакцинирањето има антитела), при тоа се анализира бенефитот, придобивките од вакцината и з а поединецот и во придонесот кон колективниот имунитет. Ако несаканите ефекти од вакцината ги надминуваат досегашните усвоени китериуми за степенот на дозволиливи несакани ефекти од една вакцина, вакцинацијата со одредената вакцина се прекинува и се бара нов решение. Од друга страна во иста сезона не треба да има голема мутација на вирус, и сегашните вакцини мора да ја фатат и да заштитат при мали мутации. Ако пак во тек на една сезона очекуваме големи мутации, тогаш треба да се бара вакцинален сој кој ќе штити и при мутации. Инаку една ваква голема, најголема досега вакцинална акција со над 8 милјарди вакцини во светот е фрлена работа во ветар. Така да не треба ни трета, ни четврта доза ако првите две не даваат заштита од Омикрон, или друга нова мутација – вели д-р Марковски.