“Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 11, Прилеп – 4, Куманово – 2, Тетово – 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешниот прес.
“ На Клиниката се наоѓаат 41 пациент, 7 од нив во потешка здравствена состојба, но немаат потреба од респиратор, 27 се средно тешки и 7 се добри- рече Филипче и откри дека на клиника на кардијологија, има еден од членовите на резервниот тим.
„Не треба да се има ниту најмал сомнеж за бројките. Тие се апсолутно точни и не може да биде поинаку, ги споделуваме со СЗО, простор за манипулации нема, ниту ќе има“, посочи Филипче.
“Наредната недела во близина на Инфективната клиника во Скопје ќе ја поставиме мобилната болница со што ќе го зголемиме капацитетот на болницата за уште 130 кревети, со што нејзиниот капацитет ќе биде дуплиран, – информираше Филипче.
По добиената ддонација од 3.000 маски тие денеска им се поделија на матичните лекари.
.