Д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, објави статус на неговиот профил на Фејсбук преку кој ги повики сите оние кои имаат бугарско државјанство јавно да објават.
“СЕКОЕ ЛОШО, ЗА ДОБРО Е
Јавно ги повикувам сите ПОЛИТИЧАРИ, ПРАТЕНИЦИ, НОВИТЕ СОВЕТНИЦИ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, МИНИСТРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ДИРЕКТОРИ, УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ И АКАДЕМИЦИ кои имаат бугарско државјанство ЈАВНО да објават за да и помогнат на Македонија во својот европски пат.
Кога ќе види Европа на колку високи позиции во Македонија има Б’лгари, ќе падне во вода бугарското тврдење дека во Македонија Б’лгарите се обесправени и малтретирани.
Почитувани, барем еднаш направете нешто добро за државата, каде го вадите својот леб.
Однапред благодарен“, напиша д-р Беќаровски.