Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку објава на „Фејсбук“ апелира лицата кои одат да се вакцинираат прво да се тестираат, бидејќи вирусот е раширен.
-На 2 јули Ве замолив сите гастарбајтери при влез во МК да имаат негативен тест или да се вакцинирани. НЕ ме послушавте.На 31 јули Ве предупредив дека од 10 август ќе имаме вртоглав пораст на заразени и денес се веќе 518.НЕ верувавте и навредувавте.На 10 август конечно, поради мерките од Комисијата, нагрнавте по вакциналните пунктови, а јас Ве замолувам прво истестирајте се, вирусот веќе е премногу раширен. “Настинката” не Ви е ниту од климата, ниту од испотената маица од топлото време.Знам дека НЕМА да ме послушате !!!!, – пишува Беќаровски.