Откако денеска во Собранието, пратениците на владејачката коалиција, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ и покрај тоа што се заразени од ковид-19 дојдоа во Собранието за да гласаат облечени во скафандер, реагираше и доктор Нико Беќаровски.
“Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.
Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.
Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица”, напиша докторот на својот Фејсбук профил.