Д-Р БЕЌАРОВСКИ ДО КАНДИДАТИТЕ СОВЕТНИЦИ: Парите од хонорарите пренаменете ги за потребите на училиштата

by Тони Зографски

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, на својот Фејсбук профил даде предлог до сите кандидати за советници хонорарите да ги пренаменат за потребите на училиштатат во нивните општини.

-Почитувани кандидати за советници, ако навистина се борите за доброто на Општината во која живеете и само затоа сте кандидирале за советници, функцијата извршувајте ја PRO BONO, а парите од хонорарите целно пренаменете ги за потребите на училиштата во Вашата општина. Еве ви можност јавно да не информирате, да знаеме за кого да гласаме. Се друго е празна реторика, да не се лажеме повеќе !!!!, – порача д-р Беќаровски.

останати вести