Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на својот Фејсбук профил објави статус преку кој им се обрати на здравствените работници.
“Прогноза за Македонија во месец АВГУСТ.
По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката.
Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена или слатка вода, а потоа повторно “ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските.
Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот”, напиша Беќаровски.