-За некои работи навистина се однесуваме како стадо. Сабота недела гледаме шпанско, италијанско, англиско првенство, преполни стадиони, а таму смртноста е помала поради добро спроведена вакцинација. Кај нас е поголема, а причината е многу едноставна, прво кога дојдоа вакцините сите прашувавме за нејзината ефикасност – вели д-р Нико Беќаровски во Утрински брифинг.
-Објективно во моментов, Фајзер и Астра Зенека ја имаа таа ефикасност, но како мутираше вирусот се намали ефикасноста и сега е од 70 до75, а тоа значи дека 25-30 од вакцинираните не создаваат имунитет. Не се овозможи систем со кој ќе определиме дали вакцината е успешна или не. Може е скап за здравствениот систем. Немавме кампања за вакцинирање со која на луѓето ќе им се кажеше, вакцинирајте се ефикасна е вакцината во одреден процент, вели Беќаровски.
Тој очекува реално бројките на заболени и натаму да растат, зошто последиците од политичките кампањи и собирите може да се очекуваат за 15 дена, после изборите кога граѓаните се опуштија на митинзите.Делта плус сојот ќе биде маскиран со делта варијантата кај нас, рече д-р Беќаровски додавајќи дека во Европа во моментов предоминира делта плус варијантата.