Српскиот фудбалер и сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ е со влошена здравствена состојба, пренесуваат српските медиуми. Нему му бил дијагностициран ковид-19, по што развил и тешко воспаление на градите. Засега не е познато дали е хоспитализиран.
На Божиќ неговата сопруга го пријави за семејно насилство откако, како што тврди таа, ја нападнал за време на фамилијарниот ручек.
На Тошик му е изречена забрана за приближување на Јелена од 30 дена.
Тој изјави на својот Инстаграм профил дека неговиот приватен живот не е работа која треба да се влече по интернет.
„Моето име, лик и дело треба да се појавуваат исклучиво во врска со спорт и хуманитарни дела. Нажалост, тоа не е случај и морам да се обратам до сите на овој начин. Секаде сум претставен како насилник, иако не подддржувам насилство ниту се служам со него. Оние што ме познаваат, знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде господин. Ќе останам доследен на себеси и ќе ги игнорирам измислиците. Ќе чекам да помине овој лош ветер против мене“.