И покрај тоа што главниот фокус на синоќешниот ден требаше да биде самото доаѓање на Папата Франциск, манекенката Дунавка Трифуновска успеа целото внимание на медиумите да го заврти кон себе. Имено, таа беше снимена како се обидува да стигне до папата, да се поздрави и да направи селфи со него.
Дунавка удри по медиумите и ја кажа својата страна од средбата со Папата.
„Папата секако дека не можете да го допрете. Тоа е – mission impossible. Можете само да го поздравите. Мојата хуманитарна работа во животот ме донесе до некои реални животни привилегии“, вели Дунавка.
„Вашата не-професионалност да известувате за светски настан од дома на кој што не сте поканети, исто така. На влезот ќе Ве дочека еден италијански новинар кој Ве погледе и ќе Ви каже, внимавајте на скалата. Останатите ќе ве допрат со поглед, за да не ви ја скршат аурата. Ако сакаат да ве сликаат секако ќе ве прашаат.
Папата ќе ви раскаже како од семејство на сиромашен италијански мигрант во Агрентина, стана еден од највлијателните луѓе во светот, а лажните лица на поразените препишувачи на Груевски ќе ви раскажат како од Премиер на библиска земја се станува мигрант во земја членка на Европска унија.
Сестрите од редот на Мајка Тереза, ќе ви раскажат како жените се нивни секојдневни хероини. А јас, како секојдневно се дружиме, смееме, молиме, сакаме и почитуваме!
Се извинувам на медиумите на Груевски што не ви дадов изјава, тоа секако нема да го имате од мене. И да клекнете на колена и да молите. Ништо не ви помага. Ќе научите да бидете достоинствени во поразот…“ стои во дел од статусот на Дунавка.