Дуа Липа му кажа „ДА“ на Калум Тарнер.
Според извори блиски до парот, 29-годишната пејачка се верила со 34-годишниот актер откако тој клекнал на колено и ја запросил на Божиќ. Тие планирале да ја дочекаат Нова година со семејството и пријателите.
На последните фотографии објавени на Instagram, на нејзиниот прст блеска голем дијамантски прстен.
„Дома за празниците“ – напиша Дуа, која по потекло е од Косово.
Калум Тарнер е шест години постар од Дуа Липа, а актерската кариера ја започнал во 2011 година. Освен со актерство, тој се занимава и со манекенство и има работено за брендови како Барбери, Рибок и Вог. Претходно бил во врска со актерката Ванеса Кирби. Од друга страна, Дуа Липа ја раскина врската со францускиот режисер Ромен Гаврас минатиот декември