За песната „Dance The Night“, создадена за саундтракот на филмот „Барби“, Дуа Липа обезбеди номинација во категоријата „Најдобра оригинална песна“ на овогодинешните Златни глобуси. Статуата на крајот отиде кај колешката Били Ајлиш за песната „What Was I Made For?“ која, како и Дуа, ја создаде за летниот кино хит.
Иако остана без достојно признание, годинешната награда ја одбележа како една од најдобро облечените ѕвездени гости на црвениот тепих.
Таа успеа да го направи горенаведеното благодарение на раскошниот фустан инспириран од соработката на дизајнерката Елса Скиапарели и познатиот уметник Салвадор Дали од 1938 година.
Американскиот дизајнер Даниел Роузбери на чело на брендот Schiaparelli создаде креација со поставата на корсет што успеа да и зададе малку мака на поп ѕвездата.
Како што откри во видео на Инстаграм, нормалното седење на наградите во раскошната креација било речиси невозможно.
„Единствено нешто што недостасуваше беше лежалка“, прокоментира таа со шеговит тон.
Dua Lipa shares video trying to sit down in her Golden Globes dress. pic.twitter.com/09pKaWQ8R8
— Pop Base (@PopBase) January 9, 2024