Дру Баримор (49) во вторникот во својата емисија изјави дека нејзината ќерка често ја споменува нејзината насловна страница на Плејбој од 1995 година кога се расправаат за тоа која облека е соодветна за носење.
„Мојата ќерка сака да носи кратки маици. Јас ѝ велам ‘не’, а таа ми одговара: ‘Ти беше на насловната страница на Плејбој’“, ѝ рекла Дру на својата гостинка Кристина Агилера (43).
Баримор не откри која од нејзините две ќерки, Олив (11) или Френки (9) стои зад таквиот коментар.
„Ми се допаѓа што го рекла тоа. И мојата ќерка сака да носи краток топ, а јас се прашувам: ‘Можеме ли едноставно да ја потспуштиме маичката малку?’“, одговорила Агилера, која ја има ќерката Самер (9). Двете славни мајки велат дека не се каат за нивните модни избори во минатото.
„Тоа беше најдобриот избор за нас во тоа време“, продолжила Агилера.
Баримор открила зошто позирала за Плејбој за време на една епизода од нејзиното шоу во февруари 2023 година. „Некако си ја вратив моќта со насловната на Плејбој. Се забавував. Ја сакам таа насловна и не се каам за ништо. Не знаев дека подоцна ќе имам деца“, ѝ рече Дру на својата гостинка Памела Андерсон.