Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-1, сите во Скопје.
Регистрирани се 45 оздравени пациент од:
Скопје – 24, Битола – 6, Куманово и Радовиш – по 4, Виница – 3, Тетово, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).
Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 4 во болнички услови.