Утринава прилично панично било на една плажа на Санторини кога спасителите на брегот извлекле постар човек без свест.
Дваесетина минути тие се обидувале да го оживеат човекот за кој се претпоставува дека не бил добар пливач, а брановите го одвлекле далеку од брегот.
Собраните туристи во шок гледале како спасувавачите се труделе да го оживат несреќниот човек, а околу него цело време била ќерка му која плачела и викала по татко и.
По половина час стигнала Брзата помош и го одвела човекот, чија судбина сеуште не е позната.