Дејан Лакушиќ од Подгорица вчера е убиен додека седел во кафуле во главниот град на Црна Гора. Набргу потоа 59-годишниот Горан Алексиќ ѝ се предал на полицијата.
Според црногорски „Вијести“, постои сомневање дека Алексиќ испукал неколку куршуми кон Лакушиќ, додека тој седел на терасата од кафуле на таа улица.
Лакушиќ ѝ е познат на полицијата од претходно. Нему му се судеше како член на криминална организација во случајот познат како Афродита. Неговата група тргувала со луѓе.