Меѓу загинатите во турскиот приморски град Искендерун е и брачниот пар Алекс и Вероника Илгин, кои дошле во Турција од Орландо, Флорида.
Алекс бил хипотекарен брокер, а неговата сопруга медицинска сестра. Тие се венчале минатиот јули, а во јануари дошле да живеат во родниот град на Алекс, Искендерум, за да го започнат процесот на вештачко оплодување и да основаат семејство.
Алекс и Вероника живееле во петкатница во Искендерун, која, сепак, била срамнета со земја во земјотресот.
-Братот на Алекс ги барал со спасувачката екипа. Ги нашол под урнатините, ги нашол гушнати во кревет, под бетонската плоча. Немале време ниту да станат, изјави најдобриот пријател на Алекс, Василиус Поулос, пренесува Дејли Мејл.
Братот на Алекс рекол дека ден претходно ја ископал мајка му, која исто така починала, а целото семејство речиси исчезнало, ретко кој го преживеал земјотресот.