Маријана Варела и Фабиола Валентин, Мис Аргентина и Порторико се венчаа. Тие се запознале на изборот за убавина Мис Гранд Интернационал 2020 година, но нивната врска долго време ја чуваа во тајност.
“Долго ја криевме нашата врска од јавноста, но решивме да ги отвориме вратите на овој специјален ден“, велат тие.
Маријана откри и како се вериле. Нивната дневна соба била исполнета со црвено-бели балони, а на златни балони залепени на прозорците пишувало:
„Ќе се омажиш ли за мене?“ Собата исто така била исполнета со свеќи за уште поромантична атмосфера.
Многу следбеници им честитаа во коментарите, а меѓу другите, честитки на девојките им упати и Абена Акуаба – манекенка крунисана со титулата Кралица на убавината Универзум 2016 и Мис гранд интернешнал 2020.
Инаку, Маријана Варела ја претставуваше Аргентина на изборот за Мис Универзум 2019 и се најде меѓу најдобрите 10 на изборот за Мис гранд интернешнал 2020. Како модел работеше со бројни агенции и беше модел за различни кампањи. Фабиола ја освои титулата Мис Порторико во 2020 година.