Храбриот кинески доктор покажал што значи почитување на Хипократовата заклетва кога го спасил животот на постариот патник така што отстранил 800 милилитри урина од чивековата бешика и со тоа спречил тој орган да пукне.
Како што пренесуваат од “ladbible.com“, сè се случило во текот на летот Гванжу-Њујорк во авио компанијата „China Sadern Air“.
Шест часа пред слетувањето еден од патниците рекол дека се чувствува лошо. Го облеала ладна пот и се пожалил дека не може да мокри.
Посадата на авионот ги прашала патниците дали меѓу нив има некој кој што е доктор и во тој момент докторот Занг Хонг подигнал рака.
Стомакот му беше надуен, не можеше да мирува и многу се потеше. Неговото семејство ми кажа дека има зголемена простата, па веднаш се посомневав дека тоа го предизвикува задржувањето на урината“ – изјавил доктор Жанг.
Тој тогаш сфатил дека пациентот мора да ја ослободи урината, во спротивно неговиот мочен меур ќе пукне.
Со оглед на тоа што немал потребни инструменти д-р Жанг направил импровизиран катетер од парчиња пластични цевки и ја извадил урината.
Со тоа му го спасил животот на несреќниот маж, но исто така заслужил да биде наречен херој.