Тамара Тодевска пред неколку дена на социјалните мрежи се пофали дека се поднови со нов автмомобил, за кого платила околу 16.000 евра.
Но, само два дена подоцна, некој го удри нејзиниот паркиран автомобил. Таа повторно се огласи преку Инстаграм, овојпат до девојката која го оштетила нејзиниот автомобил и побегнала.
“Се моли девојчето што вчера ме удри на „Рузвелтова“ (МОЈАТА КОЛА СТАРА цели 2 дена) уредно се извини, избега, да се јави/пише/остави број, ЗОШТО ГИ ЗНАМ ТАБЛИЦИТЕ и ќе одам утре во полиција“, напиша Тодевска во објавата.