Анџелика Хјустон и Џек Николсон биле заедно неверојатни 17 години. Тие двајца никогаш не се венчале, ниту пак имале деца – иако се чини дека желбата на Анџелика за семејство е она што на крајот ставило крај на нивната драматична и често бурна врска.
Анџелика во своите мемоари „Watch Me“ од 2014 година детално објаснила каков бил тој однос. Откако признала дека 12-годишната Гвинет Палтроу се исплашила од Џек кога првпат го запознала, Анџелика додала дека на девојчето ѝ рекла: „Со причина. И мене ме плаши“.
Анџелика Хјустон и Џек Николсон се запознале кога таа била поканет на забава во неговиот дом во 1973 година. Тие двајца се зближиле, а Анџелика останала да преноќи. Планирале да се сретнат неколку дена подоцна, но Џек откажал, објаснувајќи дека имал некоја претходна обврска на која заборавил.
Но, Анџелика дознала дека „обврската“ на Џек всушност е неговата поранешна дeвојка Мишел Филипс. Таа објаснила дека тоа било шаблон во нивниот заеднички живот, затоа што Џек продолжил да излегува со други жени во текот на нивната 17-годишна врска.
Додека Анџелика ги опишувала и нежните моменти кои ги делеле заедно, нејзиниот акцент повеќе е на изворите на напнатост. Таа вели дека на крајот дознала дека и старите и новите „пријателки“ бил е подеднаква закана за нивната врска, бидејќи Џек често посетувал жени кои долго ги познавал, како и жени кои штотуку ги запознал.
Таа длабоко во себе верувала дека Џек ќе се ожени со неа, меѓутоа, со една реченица ги урнал сите нејзини илузии.
„Да се оженам со тебе? Дали се шегуваш?“ ѝ возвратил Џек, а Анџелика потоа плачела со денови.
Често наоѓала докази за неговите односи со други жени, нагласувајќи: „Повремено наоѓав парче женска облека – кога мојата јакна ќе се појавеше на девојка на улица – или ќе пронајдев крем за раце, или можеби некоја ситница оставена во садот за сапун. Понекогаш го оставав накитот за да видам дали некој ќе дојде и ќе го земе, но тоа никогаш не се случи“.
Во 1990 година, таа и Џек биле на вечера, каде што тој без извинување ѝ соопштил дека очекува дете со друга жена.
Актерката тогаш физички го нападнала: „Излегуваше од тоалетот кога го нападнав. Мислам дека не го клоцав, туку силно го мавав по главата и рамениците. Тој се превиткуваше, а јас одев кон него како награден борец, давајќи широка лепеза на директни удари“.
Џек ѝ се јавил неколку дена подоцна, тврдејќи дека му оставила модринки по целото тело.
Поранешниот пар на крајот се сретнале повторно години подоцна, кога глумеле во ист филм, а Џек наводно ја споредил нивната љубовна врска со онаа во „Љубов во време на колера“.
Како што Анџелика пишувала, „тоа е една од моите омилени книги, еден од моите омилени автори, за една од моите омилени теми – безнадежна, трајна љубов.