Познатиот пејач Хари Мата Хари доживеал вистински шок кога се вратил во хотелската соба по финалната вечер на Беовизија минатата недела, Имено, тој остана без часовник “ролекс“ вреден 15. 000 евра додека настапуваше во ревијалниот дел на фестивалот.
“Хари го оставил часовникот на масата во собата во хотелот и заминал на настап, каде што се задржал неколку минути. Кога се вратил во собата бил шокиран. Веднаш се симнал на рецепција за да ја пријави кражбата и да ги побара снимките од сигурносните камери. Персоналот му излегол во пресрет и веднаш му ги покажале снимките. Но, освен чистачките, кои тука работеле долги години, никој не бил забележан во ходникот на првиот кат. Никому не му било јасно како е можно на пејачот да му снема толку вреден часовник. Кога повторно влегле во собата, виделе дека пејачот заборавил да ја затвори вратата од тераса“, раскажал извор близок на пејачот за српските медиуми.
Инаку, Хари остана без вредниот часовник бидејќи хотелот во кој бил сместен одговара само за исчезнатите работи во сефот, но не и од хотелската соба.