Славниот холивудски пар Пенелопе Круз и Хавиер Бардем се родители на две деца, а актерката во едно неодамнешно интервју открила дека за една работа е прилично строга мајка.
Парот на своите 10-годишен син Лео и 8-годишната ќерка Ленa им забранил користење на социјалните мрежи додека не станат постари. Како што изјавила Пенелопе, технологијата делува како експеримент на развој на мозокот и дури ни таа не сака претерано да ја користи.
„Имам чуден однос со социјалните мрежи. Ги користам многу малку и многу внимателно“, вели таа.
Актерката смета дека тинејџерите кои ги користат социјалните мрежи служат како еден вид експеримент на светот.
„Тука нешто нема смисла, а најмногу се одразува на помладите генерации. Навистина ми е жал поради денешните тинејџери“, вели Круз.
Оскаровката смета дека е важно децата да пораснат за да ги користат социјалните мрежи.
„На социјалните мрежи нема апсолутно никаква заштита за едно 12-годишно дете. Нивните мозоци сè уште се развиваат, а тие влијаат на тоа како утре ќе се гледаат себеси и сè околу себе“, истакнала Пенелопе и додала дека многу нешта денес не наликуваат на детството кое го имала таа.
Тврди дека е особено тешка кога станува збор за технологија.
„Им дозволувам да гледаат филмови и цртани, секако. Но, не и да користат телефони и социјални мрежи. Тоа ќе почека додека не наполнат барем 16 години. Се чини како да сум дел од малцинство, но ова е мој начин како да го заштитам нивното ментално здравје“, заклучила актерката.
Круз ги држи децата подалеку и од своите профили и тврди дека на истите никогаш нема да видиме фотографии од нив.
„Никогаш нема да видите фотографии од моите деца на Инстаграм. Јас сум одговорна да ја заштитам нивната приватност и го правам тоа“.