Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро, кој е позитивен на корона вирус е во изолација на неговиот имот. Тој е фотографиран со маска на лицето како ги храни ноевите на имотот, меѓутоа, неговото дружење со големите птици не помина добро.
Еден од ноевите очигледно добро го „каснал“ бидејќи контраверзниот бразилски претседател е „уловен“ како со болен израз на лицето ја тресе раката.
Инаку, Болсонаро се пожали дека му е „смачено“ од карантинот и најави дека ќе се врати на работа веднаш откако ќе добие негативен тест.