Во интервју за “Телеграф.рс’, српскиот доктор Бранимир Несторовиќ рече дека дефинитивно најопасно е ако вирусот влезе во носот.
-Вирусот може да влезе во носот, бидејќи рецепторите примарно се во носот. Најризично е кога разговараме со некого. Тогаш капките се шират и можат да го заразат соговорникот – вели Несторовиќ.
Исто така, истражувањето покажува дека до зараза може да дојде и преку капките кои подолго остануваат во воздухот, а минувач би можел да ги вдиши. Тоа често се случува особено во затворени простории со полно луѓе. Затоа е много важно да се обезбеди добра вентилација или да се седи надвор каде значително се намалува ризикот од инфекција.
Втор важен фактор е колку време сме изложени на вирусот. Доволно е да бидеш подолго од 15 минути во близок контакт со заразениот и тоа на помало растојание од два метра, па да дојде до зараза.
Кога се во прашање контомираните површини, ризикот е присутен, но далеку е помал од блиските контакти, поради што е најбезбедно е тие да се дезинфицираат таму каде што движењето на луѓето е поголемо.