Веста за новата протеинска вакцина на француската компанија „Санофи“, предизвика интерес кај луѓето околу тоа колку е делотворна и по што се разликува од достапните вакцини.
Познатиот имунолог Златко Тробоњача за хрватските медиуми ја објаснил разликата помеѓу постоечките векторски вакцини и вакцината која наскоро треба да пристигне во Хрватска.
„Нема никаков генетски материјал, тоа не е таканаречената РНК или ДНК вакцина, туку чист протеин кој влегува во нашето тело и веднаш делува на имунолошкиот систем. Она што е исто така важно е дека овие вакцини, протеински, се релативно слични со оние традиционалните вакцини на кои сме навикнати, да речеме вакцини против тетанус и слично“, вели тој.
Тробоњача претпоставува дека ќе се дава една доза и смета дека и таа една би можела да произведе доволна количина на антитела за заштита.
„Ако компанијата ‘Санофи’ ја предвиди можноста за производство на антитела, кои нема да го покријат изворниот облик на вирусот, туку и некои други соеви, тогаш тоа би можело да биде поважно во сузбивањето на постојните соеви“, додал тој.
Но, има уште работа. Вирусот постојано мутира, па се поставува прашањето колку би било профитабилно за компаниите да произведуваат и пласираат вакцини против секој вид што ќе се појави.
Управникот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, објави дека Хрватска нарачала околу 300.000 дози иновативна вакцина.
„Досега имавме векторска (AstraZeneca) и mRNA (Pfizer и Moderna), ова е протеин, најавено е дека ќе биде многу ефикасно. Тоа е многу поевтино од mRNA вакцините. Кога ЕМА ќе го оцени, ќе знаеме повеќе“, рекол Чапак.