Овен (21.03 – 20.04)
Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате доста креативна енергија, затоа потрудете се да ја употребите на адекватен начин. Ве очекува голема заработувачка. Чувствувате потреба да ја остварите животната цел. Послушајте го внатрешниот глас кој ви кажува кој чекор треба да го преземете.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Забавувајте се со пријателите и партнерот. Одете до некое кафуле. Денес се нека помине во денот на забавата и разговорите, бидејќи наредните денови ќе ви бидат многу напорни. Чистете го домот, посебно средете ги документите. Секако, може да прочитате и некоја добра книга
Рак (22.06 – 22.07)
Регулирајте се што можете денеска ова е доста поволен ден. Во се што ќе започнете ќе имате голема поддршка од околината, што исклучително многу ќе ви значи. Во љубовта ќе почуствувате извесна стагнација, односите со партнерот не ви се средени и ќе се обидете да направите нешто околу ова прашање.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекува мирна работна атмосфера. Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите.
Девица (23.08 – 22.09)
Денот ќе го поминете со некоја личност која ви е доста драга. Нејзиното присуставо ќе биде причина за вашето добро расположение, а и работите кои треба да ги завршите во текот на денот ќе ги завршите доста успешно. Во попладневните часови овозможете си одмор за духот и телото.
Вага (23.09 – 22.10)
Под услов ако сте прифатиле нечија сугестија ќе успеете успешно да го решите проблемот. Пред вас е работа која бара издржливост и познавање на материјата. Ќе сакате тоа што побрзо да го решите, но тоа не зависи само од вас. Нервозната никаде не ве води.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Останете неутрални во сите конфликтни ситуации, најмногу во домот. Не се доживувајте како ментори на вашите блиски. Кога нешто ќе се згреши, ќе бидете вие криви бидејќи вие сте ја дале насоката за извршување на нешто. Кажете го своето мислење но не наредувајте.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Внимателно бирајте ги вашите соговорници и бидете претпазливи со луѓето. Не е пожелно да споделувате ваши лични работи но и да дискутирате за перспективни идеи. Немојте да го криете вашето мислење, но немојте ниту да парадирате со него.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не е исклучена можноста некој од вашите најблиски да ве разочара со своето однесување. Бидете објективни. Размислете дали човекот постапил толку лошо или едноставно вие сте очекувале друго. Не се лутете беспотребно.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе одлучите позитивно прашање поврзано со недвижен имот. Обидете се да им се посветите на пријателите. Немојте да размисувате за тоа што другите мислат, бидејќи некогаш навистина и не е важно тоа, сконцентрирајте се на некои свои идеи и поминете време во рекреација денес.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе бидете исполнети со ентузијазам и мотивирани да сработите што повеќе. Денес ќе бидете експерти за хармонична комуникација и преговарање, па закажете што повеќе бизнис средби или одржете силна презентација. Вечерта енергијата ќе ви опадне и нема да сакате да го напуштите својот дом.